Меморандум за соработка меѓу Министерството за транспорт и врски со Централниот регистар на Република Македонија, беше потпишан во среда во Скопје. Со потпишување на овој меморандум, заедно со оние кои ги потпишавме овој месец со Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, се овозможува поедноставување на размената на информации меѓу овие институции, се со цел за забрзување на постапките и подобрување на услугите кои Министерството за транспорт ги нуди во областа на транспортната дејност, градежништвото и урбанизмот. Nа овој начин ќе се зголеми ефикасноста во постапката на лиценцирање на транспортните компании во Република Македонија и добивање на одобрение за вршење на превоз на опасни материи, како и во постапките за добивање на лиценци од областа на градењето. Почнувајќи од 1 јануари 2013 година, Министерството за транспорт и врски од Централниот регистар по електронски пат ќе ги добива релевантните информации кои се однесуваат на тековната состојба и финансискиот исказ за субјектите кои се баратели на лиценци.
Меморандум за соработка меѓу Министерството за транспорт и врски со Централниот регистар на Република Македонија, беше потпишан во среда во Скопје.
„Со потпишување на овој меморандум, заедно со оние кои ги потпишавме овој месец со Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, се овозможува поедноставување на размената на информации меѓу овие институции, се со цел за забрзување на постапките и подобрување на услугите кои Министерството за транспорт ги нуди во областа на транспортната дејност, градежништвото и урбанизмот", изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Според министерот, на овој начин ќе се зголеми ефикасноста во постапката на лиценцирање на транспортните компании во Република Македонија и добивање на одобрение за вршење на превоз на опасни материи, како и во постапките за добивање на лиценци од областа на градењето.
Почнувајќи од 1 јануари 2013 година, Министерството за транспорт и врски од Централниот регистар по електронски пат ќе ги добива релевантните информации кои се однесуваат на тековната состојба и финансискиот исказ за субјектите кои се баратели на лиценци.
Од 01 април 2013 ќе биде овозможено и електронска размена на билансот на успех и потврдите дека лицата односно компаниите кои се баратели на лиценци не биле осудувани и немаат забрана за вршење дејност. На овој начин, на компаниите им се скратуваат неколку потврди кои претходно требаа да ги достават согласно законските прописи, а истите требаа да ги чекаат на шалтери.
„Крајната цел на целиот овој проект е за добивање на лиценца во министерството за транспорт и врски барателот да дојде само на шалтерот во министерството и да поднесе писмено барање, а потребната документација со која се докажува дека превозникот ги исполнува условите за да добие лиценца Mинистерството за транспорт и врски ќе ги прибави по електронски пат од сите надлежни институции", рече Јанакиески.